За домашна мрежа
Вашиот уред е компатибилен со Universal Plug
and Play (UPnP) и е сертифициран од Digital Living
Network Alliance (DLNA) . Можете да користите
некој уред со безжична LAN (WLAN) пристапна
точка или некој WLAN рутер за да креирате
домашна мрежа. Тогаш можете да поврзувате
UPnP уреди кои што поддржуваат WLAN на
мрежата. Компатибилните уреди може да бидат
Вашиот мобилен уред, некој компатибилен
компјутер, звучен систем, или телевизија, или
некој компатибилен безжичен мултимедија
приемник поврзан со некој звучен систем или
некоја телевизија.
За да ја користите функцијата за WLAN на Вашиот
уред во домашна мрежа, мора да имате исправни
домашни прилагодувања за WLAN конекција и
имате други вклучени UPnP домашни уреди за да
се поврзете на истата домашна мрежа.
Видете
"Безжична LAN" стр. 46.
По прилагодувањето на Вашата домашна мрежа
можете да споделувате фотографии, музика, и
видео со Вашите пријатели и фамилија дома.
Исто така можете да ги зачувувате Вашите медиа
содржини на некој сервер за медиа или да
превземате медиа датотеки од некој
компатибилен домашен сервер. Можете да
пуштате музика зачувана во Вашиот Nokia N85
користејќи некој DLNA серттифициран домашен
стерео систем, контролирајќи ги плејлистите и
нивоата на јачината на звукот директно од
Вашиот Nokia N85. Можете исто така да ги
гледате сликите направени со камерата на
Вашиот Nokia N85.на некој компатибилен ТВ
екран, сите контролирани со Nokia N85. преку
WLAN.
Домашната мрежа ги користи безбедносни
прилагодувања на WLAN врска. Користете ја
услугата за домашна мрежа во WLAN мрежна
инфраструктура со уред за WLAN пристапна
точка и вклучена енкрипција.
Можете да споделувате и синхронизирате медиа
датотеки зачувани во Вашиот мобилен уред со
други компатибилни UPnP уреди користејќи ја
домашната мрежа. За да ја вклучите
функционалноста на домашната мрежа и да
управувате со прилагодувањата, притиснете
, и одберете
Tools
>
Connectivity
>
Home
media
. Исто така можете да ја користите
117
Домашна
мрежа
домашната мрежа за да гледате, пуштате, и
копирате компатибилни медиа датотеки на и од
Вашиот мобилен уред.
Видете "Гледање и
споделување на медиа датотеки" стр. 120.
Вашиот уред е поврзан на домашната мрежа
само ако Вие прифаќате барање за конекција од
друг компатибилен уред, или одберете ја
опцијата за да гледате, пуштате, или копирате
медиа датотеки на Вашиот уред или да
пребарувате за други уреди.