Наполнете ја батеријата
Регуларно снимање
1.
Поврзете компатибилен
полнач со ѕиден штекер.
2.
Поврзете го кабелот со
уредот. Доколку батеријата е
целосно испразнета, може
малку да потрае додека да се
појави индикаторот за
полнење.
3.
Кога батеријата е целосно
наполнета, индикаторот за
полнење престанува да се
движи. Откачете го
полначот од уредот, а потоа
од ѕидниот штекер.
Совет: Откачете го полначот од ѕидниот
штекер кога не полначот не е во употреба.
Полначот кој е поврзан со штекерот троши
енергија дури и кога не е поврзан со
уредот.
USB полнење
Можете да го користите USB полнењето кога не
е достапен некој ѕиден штекер. Со USB
полнењето, можете исто така да префрлувате
податоци додека го полните уредот.
1.
Поврзете некој компатибилен USB кабел
помеѓу некој компатибилен USB уред и
Вашиот уред.
Во зависност од типот на уредот што се
користи за полнење, може малку да потрае
додека полнењето да започне.
2.
Ако уредот е вклучен, можете да одберете од
опциите на USB режимот на екранот на
уредот.