За интернет повици
Со услугата за интернет повик (мрежна услуга),
можете да остварувате и да примате повици
преку интернет. Интернет повиците може да
бидат воспоставени помеѓу компјутери, помеѓу
мобилни телефони, и помеѓу VoIP уред и
традиционален телефон.
За да можете да ја користите услугата, мора да се
претплатите на услугата, и да имате корисничка
сметка.
За да остварите или примите некој интернет
повик, мора да бидете во услужната област на
некоја безжична LAN, и да сте поврзани со некоја
услуга за интернет повик.