За Bluetooth конективноста
Можете да направите безжична конекција со
друг компатибилен уред, како што се мобилни
телефони, компјутери, слушалки и сетови за во
автомобил, со Bluetooth конективност.
Можете да ја користите конекцијата за да
испраќате слики, видео клипови, музички и
звучни клипови, белешки, да префрлувате
49
Конекции
датотеки од Вашиот компатибилен компјутер и
да печатите слики со компатибилен компјутер.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична
технологија комуницираат користејќи радио
бранови, тие не треба да бидат во директна
линија на видливост. Но како и да е, тие мора да
бидат до оддалеченост од 10 метри (33 стапки)
еден од друг, иако конекцијата може да биде
предмет на пречки од други препраки како што
се ѕидови или од други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth
спецификацијата 2.0 што ги поддржува
следниве профили: Generic Audio/Video
Distribution Profile, Advanced Audio Distribution
Profile, Audio/Video Remote Control Profile, Basic
Imaging Profile, Basic Printing Profile, Dial-up
Networking Profile, File Transfer Profile, Hands-Free
Profile, Headset Profile, Human Interface Device
Profile, Object Push Profile, SIM Access Profile,
Synchronization Profile, Serial Port Profile, и
Phonebook Access Profile. За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите уреди што
поддржуваат Bluetooth технологија, користете
додатоци за овој модел што се одобрени од
Nokia. Проверете со производителите на другите
уреди за да ја утврдите нивната компатибилност
со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth
технологија ја зголемуваат побарувачката на
енергија од батеријата и го намалуваат
животниот век на батеријата.
Кога уредот е заклучен, не можете да користите
Bluetooth конективност.