За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (Global
Positioning System - GPS) е светски радио
навигациски систем кој што вклучува 24
сателити и нивните земни станици кои што ја
надгледуваат работата на сателитите. Вашиот
уред има вграден GPS ресивер.
GPS терминалот прима радио сигнали со мала
енергија од сателитите и го мери времето на
патување на сигналите. Од времето на
патување, GPS приемникот може да ја пресмета
неговата локација со прецизност од неколку
метри.
Координатите во GPS се изразени во форматот
степени и децимални степени кој што го користи
меѓународниот координативен систем WGS-84.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е
управуван од Владата на Соединетите Држави,
која е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На точноста на
податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави
Владата на Соединетите Држави и е предмет на
промена со политиката за цивилен GPS на
Министерството за Одбрана на Соединетите
Држави и Федералниот Радионавигационен
План. На точноста исто така може да влијае и
слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може
да влијае и Вашата околина, згради, природни
пречки како и временските услови. GPS
приемникот треба да се користи само надвор за
да овозможи прием на GPS сигналите.
Било кој GPS систем не треба да се користи за
прецизни мерења на локации, и не треба
никогаш да се потпирате единствено на
податоците за локацијата од GPS приемникот и
на мобилните радио мрежи за позиционирање
или навигација.
За да ги вклучите или исклучите различните
методи на позиционирање, како што е Bluetooth
GPS, притиснете
, и одберете
Tools
>
60
Позиционирање
(GPS)
Settings
>
General
>
Positioning
>
Positioning methods
.