Безбедност на конекцијата
Ако индикаторот за безбедност ( ) се
прикажува за време на некоја конекција,
преносот на податоци помеѓу уредот и интернет
гејтвејот или серверот е шифриран.
Иконата за заштита не означува дека преносот
на податоци помеѓу портата и серверот за
содржина (или местото каде што бараниот
ресурс е зачуван) е безбеден. Операторот на
услугите го осигурува преносот на податоци
помеѓу портата и серверот за содржина.
Безбедносните сертификати може да се бараат
за некои услуги, како што се банкарски услуги.
Ќе бидете известени ако идентитетот на
серверот не е автентичен или ако го немате
вистинскиот безбедносен сертификат во Вашиот
уред. За повеќе информации, контактирајте го
Вашиот оператор.